Американскиот аналитичар и ветеран од ЦИА Пол Пилар во публикација во National Interest повика САД да размислат над лекциите кои може да потекнуваат од активностите на Русија во Блискиот Изток.Таа лекција не е поврзана со зголемување на воената сила во регионот – доминацијата на Русија во Блискиот Исток не се објаснува со воена супериорност, смета авторот.
“Од политиката на владата на Путин во регионот треба да извлечеме лекција- како странична држава може поцелосно и слободно да ги извршуваат своите цели и интереси, само затоа што е подготвена да работи со сите” – пишува Пилар.
Според него, Москва се стреми да воспостави деловни односи не само со своите сојузници и да не дозволи на старите несогласувања да се мешаат во практичната соработка. За тоа, според аналитичарот, сведочат контактите на Русија со Израел и Турција.
Спроведувајќи таква флексибилна реалистична дипломатија, Москва всушност ги превзема позициите на САД, се вели во публикацијата. Вашингтон традиционално го гледа светот поделен на сојузници и противници, што го спречува да заштитува интереси.
На пример САД имаат исти интереси со Иран за обновување на стабилноста во Сирија и во Ирак. Сите обиди сепак да се користи оваа можност се соочува со силен отпор на американските политичари.
“САД пропуштаат, додека во тоа време Путин се покажа помудар од нас и ги користи” – констатира аналитичарот.
Во заклучок Пилар повикува САД да ја открие и перцепцијата на Русија, на која “цврсто е залепена етикетата на противник”