Научниците открија како кокаинот го уништува мозокот

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Само една доза кокаин е во можност да го промени мозокот, открија научниците од Универзитетот на Источна Англија.cocaine

При вршење на експерименти со стаорци тие открија дека кокаинот го нарушува односот помеѓу два важни протеина во мозокот, соопшти британскиот весник “Дејли мејл”. Поради тоа слабее способноста за самоконтрола.

Способноста на мозокот да се справи со стресот се намалува, се зголемува и веројатноста човек да доживее со помош на дрога да избега од проблемите. Овој стрес може да ги поттикне кон релапс оние кои се трудат да ја поразат зависноста. Стресот може да биде каков и да е – од психолошка тензија до нешто гледано на телевизија. При тоа доволно е само еднократна употреба на кокаин, за да се промени структурата на мозокот.

И иако истражувањето се спроведуваше врз стаорци, истражувачите се убедени дека заклучоците се валидни и за луѓето. Нешто слично се случува кога алкохоличари или наркомани  се обидуваат да се справат со зависноста. Специјалистите сугерираат дека препарат кој ја обновува врската помеѓу протеините, ќе помогне да се спречи релапс кај луѓето кои се борат со кокаинската зависност.