Научници од американската администрација: Користа за децата од „Фајзер“ ги надминува ризиците

од Nikola Popovski

Научниците од американската Администрација за храна и лекови соопштија дека веројатната придобивка од вакцината против Ковид-19 од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца од пет до единаесет години е значително повисока од ризикот од ретко воспаление на срцето.

Производителите на оваа вакцина претходно објавија дека нивната вакцина има ефикасност од 90,7 отсто против коронавирус во клиничките испитувања со деца на оваа возраст.

Детали беа објавени пред состанокот на панел од надворешни експерти, кои ќе гласаат во вторник, на 26 октомври, за тоа дали препорачуваат ФДА да ја одобри употребата на вакцината за оваа возрасна група.

Доколку ФДА ја одобри имунизацијата со вакцината „Фајзер“ за деца на возраст од пет до единаесет години, тоа ќе биде првата вакцина против ковид 19 за оваа возрасна група, а вакцините би можеле да бидат достапни во САД на почетокот на ноември.

Вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ се поврзуваат со ретки случаи на воспаление на срцето или миокардитис, особено кај помладите мажи.

ФДА наведува дека, под претпоставка дека бројот на случаи на миокардитис кај помалите деца ќе биде сличен на оној кај децата под 12 до 15 години, бројот на спречени хоспитализации поврзани со Ковид-19 во повеќето анализирани сценарија ќе биде поголем од бројот на хоспитализирани поврзани до миокардитис.

Од Фајзер соопштија дека стапката на миокардитис кај децата на возраст од пет до дванаесет е веројатно помала отколку во возрасната група од 12 до 15 години, делумно затоа што на помалите деца ќе им се даде помала доза од вакцината.

Слични содржини