Научниците направија капки кои го подобруваат видот

од desk2
96 прегледи

Научниците од Универзитетот за нанотехнологија во Тел Авив „Бар -Илан“ тврдат дека створиле капки за очи кои можат да го поправат оштетувањето на рожницата и трајно да го подобрат видот кај луѓето.

Израелските научници тврдат дека во прашање е револуционерно откритие, кое ќе им помогне на сите луѓе кои имаат проблеми со оштетување на очите.

Тимот научници, со докторот Давид Смадја на чело, го тестирале својот производ на животни со оштетени рожници.

„Производот го тестиравме на свињи со оштетени рожници и се покажа потполно ефикасен затоа што се излечени сите симптоми на болеста на очите кои ги имаа животните и беа тестирани“, вели Смадја.

Новиот револуционерен производ на израелските научници се уште не е тестиран на луѓе, а тимот научници кој стои зад ова тврди дека првите рани тестови ќе почнат кон крајот на годината.

„Сметаме дека новиот производ во потполност ќе ги излечи проблемите со видот кај луѓето и дека во иднина нема да има потреба од диоптриски очила“, вели Смадја.

Научниците сметаат дека овие револуционерни капки за очи ефикасно ќе го лечат проблемот на кратковидост и далекувидост , како и други проблеми поврзани со видот.

Овој револуционерен производ исто така ќе им овозможи на луѓето да се ослободат од леќите и ќе им пружи потполно нов поглед на светот.

Според магазинот „”Jerusalem Post”, пациентите на своите паметни телефони ќе имаат апликација која ќе го измери оштетувањето на нивниот вид, врз основа на што ќе знаат колку капки за очи ќе треба да искористат.

Не е познато колку просечен корисник ќе мора да ги користи нано капките за потполно да го реши проблемот, ниту колку ќе чинат новите капки.

„За сега мора да почекаме и да видиме како ќе поимнат првите тестирања, но тимот емногу оптимистичен“, вели доктор Смадја.