Научниците во шок: Откриени илјадници непознати вируси

од desk3

Научниците од Австралија и Кина открија дека безрбетници се преносител на 1445 вируси, кои досега не се изучени, соопшти Лента. Ова откритие целосно ги менува претставите на научниците за вирологија, вели еден од авторите проф. Едвард Холмс. Освен што каталогот на познатите вируси се зголеми, истражувањето покажува дека тие постоеле милијарди години.

1468156623-shutterstock-236439424

“Неверојатно е дека инсектите се преносител на такво големо количество вируси. Досега никој не ги изучуваше, бидејќи немаше фиксни случаи на зараза”, истакна Холмс.

Во истражувањето се користени иновативни технологии кои се применуваат и за разјаснување на причините на заболувања кај човекот. Така научниците утврдиле дека безрбетници пренесуваат одамна познати вируси, како грип. Да се зарази човек од инсекти сепак е доста комплицирано.

Слични содржини