Научно-објективната, базирана на емпириски тестирања наука (науката што ни кажува дека ледените гребени се топат) го потврди она во кое многумина веќе долго време се сомневаме: Поголем дел од типовите кои поинуваат мнолгу време во теретаните, често се десничари.
Ново истражување од Универзитетот Брунел открива дека кај физички силните мажи кои редовно одат во теретана има поголема веројатност да бидат десничари и да ја поддржуваат социјалната и економската нееднаквост отколку послабите мажи. Ова објаснува многу, на пример, за грубото ракување на Трамп – кој се обидува да покаже надмоќ.
Истражувачки тим предводен од д-р Мајкл Прајс оценил 171 маж на возраст од 18-40 години, собирајќи податоци за нивната висина, тежина, ширина на половината, зафатнина на рацете, мускулност, сила на градите користејќи 3D скенер за тело. Тимот, исто така, ги анализирал нивните политички и социјални гледишта, прашувајќи ги дали поддржуваат прераспределба на средствата (клучен принцип на социјализмот) или веруваат дека некои социјални групи треба да имаат доминација над другите. Учесниците биле прашувани колку често одат во фитнес и бодибилдинг центрите, како и за нивниот личен буџет. Дополнително, мажите биле категоризирани и според атрактивност на нивниот лик и машкост, која била одредена од страна на група независни оценувачи.
“Отсекогаш сум бил заинтересиран за еволуцијата на човечкиот морал”, вели Прајс. “Со текот на годините утврдив дека постои силна корелација во големината и обликот на машките тела со морални и политички ставови, релација која не ја наоѓав кај жените. Затоа сакав да направам една поголема анализа во поглед на физичката форма на мажот и ниговиот однос кон егалитаризмот “.
Новите наоди, додава тој, укажуваат на тоа дека мускулестите мажи поверојатно е да го поддржат милитаризмот и војната. Во минатото, истражувачите открија значајна корелација помеѓу мажите кои делувале физички застрашувачки и нивното верување дека некои социјални групи треба да доминираат врз другите.
Заклучоците на Прајс: најмускулестите типови се најлоши. Под тие како карпа тврди гради лежи како карпа тврдо срце на маж кој не верува во распределба на средства.
Фасцинантно, колку повеќе време мажот поминува во теретана, поверојатно е да има помалку праведни социоекономски ставови. Но, дали теретаната ги прави овие мажи неемпатични – или ги привлекува тие кои едноставно првично биле такви?
“Она што го добивате е позитивен фидбек”, вели д-р Прајс. “Според стандардниот конвенционализам луѓето го прилагодуваат својот морал на нивната физичка природа. Прво, тоа што вие сте големи и силни, а другите луѓе ви се плашат ви создава статус и тенденција да победувате – односно доаѓа до чувството “ми се допаѓа нееднаквоста, бидејќи ми одговара “.
Жените пак се ослободени од ова општо правило.
-Физичкиот изглед или сензибилитетот на жената не е поврзан со нејзиниот однос кој правичноста – потврдува Прајс.
-Мојата цел е да го расветлам изворот на моралните позиции на луѓето и да им помогнам да бидам посаморефлексивни – цели Прајс во заклучокот на своето истражување.
извор: Vice