Наумовска: Голем број матуранти препишувале цели текстови презмени од интернет

од Берта Китинска

Четворка е средната оценка што ја добија матурантите годинава од полагањето на екстерните испити.

Резултатите од тестовите на речиси 15 300 матуранти кои полагаа  минатиот месец денеска на прес-конференција ги соопшти директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска.

Една од забелешките кои ги пренеле оценувачите за испитите по странски јазици е дека голем број ученици пишувале цели текстови или делови од текстови презмени од интернет. Наумовска претпоставува дека учениците ги учеле напамет.

„Препишувањето, копирањето на цели текстови од интернет, особено на англиски јазик не е дозволено и тука оценувачите беа строги во оценките Би сакала да посочам, секогаш сопствените знаења и сопственото изразување дали на мајчин јазик или на странски јазик, треба да биде приоритет за сите матуранти. Можеби некогаш полошо ќе се изразат, ама препишувањето, копирањето на цели текстови од интернет особено на англиски јазик не е дозволено, и тука оценувачите беа строг “, забележа таа.

Слични содржини