Наутро студено, попладне сончево на првиот ден од пролетта

од Nikola Popovski

На првиот ден од пролетта имаме студено утро, а преку денот ќе биде сончево со појава на мала облачност, стои во временската прогноза на УХМР. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени, а максималната ќе достигне и до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула, а дневните до петок ќе бидат во постепен пораст. На крајот на работната недела ќе има услови за појава на слаб повремен дожд. До тогаш ќе продолжи да дува северен ветер.

Пролетта почна денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента.  Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.

На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и 9 минути.

Слични содржини