Наутро студено, преку ден променливо облачно – од четврток влажен бран

од Nikola Popovski
217 прегледи

Денеска во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, соопштија од УХМР. Во текот на денот сончево со мала облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд.

Утринската температура ќе биде од минус 5 до нула Целзиусови степени, а дневната од 6 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Во ноќните часови ќе биде значително облачно со услови за слаб дожд.

Температурата ќе се искачи до 8 степени.

Од денес до четврток времето ќе биде стабилно, освен во вторник во утринските часови кога претежно во западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во петок во текот на денот и во сабота врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.

Слични содржини