Навални од затвор: Прекинете со ноќните проверки на мојата ќелија

од Nikola Popovski

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој издржува затворска казна, побара од судот денес да ги прекине проверките на кои тој е изложен секоја вечер во неговата ќелија.

Обраќајќи му се на судот преку видео врска од затворот во Владимир, Навални рече дека не сторил ништо што би ја оправдало одлуката на властите да го означат како ризичен за да избега.

„Само сакам да престанат да доаѓаат кај мене и да ме будат ноќе. Што направив јас? Дали се качив на оградата? Дали ископав тунел? Или, пак, вперив пиштол кон некого? Само објаснете зошто ме означивте како некој за кого постои ризик да избега?“, прашал Навални.

Тој рече дека ноќните проверки на секој час се тортура, велејќи му на судијата дека „ќе полуди за една недела“ ако биде изложен на такво постојано будење.

Слични содржини