Навални: Путин го фрли кривичниот закон низ прозор, од страв

од Stefanija Kuzmanovska

Сослушувањето на Алексеј Навални (44), главниот руски опозиционер и критичар на Кремљ, започна денес во градот Химки, во московскиот регион, а Навални пред да се појави пред судијата рече дека рускиот претседател Владимир Путин „го фрли кривичниот закон низ прозор“, пренесе „Ројтерс“ .

Државното обвинителство побара да му биде одреден притвор во траење од 30 дена.

Навални го нарече испрашувањето „најголем степен на беззаконие“, во првите коментари откако беше затворен, а на Твитер се обрати со видео, кое го објави неговата портпаролка.

Рускиот опозиционер направи и видео во полициската станица, каде рече дека претседателот Путин „го фрлил кривичниот закон низ прозор, од страв“, пренесува „Танјуг“.

Кога бил изнесен од полициската станица, Навални со голема брзина бил однесен до возилото од полицијата и однесен на суд, опиша „Ројтерс“.

Тој успеа делумно да го пренесе судското рочиште во живо на Интернет.

Неговото апсење може да предизвика нови санкции против Русија, особено на гасоводот вреден 11,6 милијарди долари од Русија до Германија, иако некои земји од ЕУ во минатото изјавија дека сакаат санкциите да бидат воведени против Русија веднаш.

Западните земји ја повикаа Русија веднаш да го ослободи Навални, кој беше уапсен во неделата вечерта на московскиот аеродром по враќањето од лекувањето во Берлин, каде се опоравуваше од летото од, веројатно, труење со нервниот агенс „новичок“.

Кремљ се очекува да го коментира целиот случај денес, заклучува „Ројтерс“.

Слични содржини