ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).
2 Охрид, 4 Виница, 8 Штип, 11 Прилеп, 13 Претор, 14 Кр. Паланка, 16 Струмица, 20 Куманово, 22 Скопје, 25 Дебар, Тополчани, 30 Д. Капија, 31 Берово, 38 Тетово, 41 Крушево, 43 Ѓуриште, 49 Битола, 61 Пожаране, 62 Лазарополе, 85 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-6 Маврово, -4 Лазарополе, Ѓуриште, Дебар, Пожаране, Крушево, -3 Тополчани, Кр. Паланка, Берово, Претор, -2 Прилеп, Куманово, Тетово, Скопје, -1 Виница, 0 Струмица, Битола, Д. Капија, Гевгелија, Охрид, Штип, 1 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.
2 Прилеп, Виница, Охрид, Кр. Паланка, 4 Тополчани, 6 Претор, 7 Лазарополе, 8 Штип, Ѓуриште, Дебар, 10 Скопје, 11 Тетово, 16 Струмица, 17 Крушево, 22 Битола, 25 Маврово, Пожаране, 37 Д. Капија, 40 Дојран.
ВРЕМЕТО УТРИНАВА
Претежно облачно со појава на магла во Струмичко и повремени слаби до умерени врнежи од снег, особено во источните и јужните делови. На север и на повисоките места дува поинтензивен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претежно облачно со повремени врнежи од снег, во источните и јужните делови претпладне поинтензивни. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе завршуваат и на исток. Ќе дува слаб до умерен ветер кој вдолж Повардарието и во источните делови ќе биде северен, а кон запад ќе е претежно североисточен. Температурата денес во интервал од -2 до 2° С. Во Скопје исто така претежно облачно со повремени врнежи од снег кои од пладневните часови ќе престанавуаат, а ќе дува и слаб до умерен претежно северен ветер.Температурата денес до 0° С.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре и за време на викендот времето ќе биде стабилно, со се повеќе сончеви периоди но и се пониски утрински температури. За време на викендот утринската температура ќе биде во интервал од -12 до -5, а наутро понекаде во долините ќе има и услови за појава на краткотрајна магла.