Требало да послужи за “подарок” на Доналд Трамп
Американските разузнавачки служби добиле информации дека Русија размислува даим го предаде Едвард Сноуден како “подарок” на Доналд Трамп, пренесува NBC News.
Адвокатот на Сноуден Бен Визнер истакнал дека тие не знаат за ваквите планови за враќање на Сноуден во САД. “Екипата на Сноуден не добила никакви такви сигнали и нема нова причина за загриженост”, истакна Визнер.
Во одговор на овие извештаи Сноуден напиша својот коментар по “твитовите”. Според него случувањата докажува дека тој не работи со руската влада.
Претходно американскиот претседател беше го нарекол Сноуден “шпион” и “предавник”, кој заслужува да биде погубен.