Не ја викаат по име: Синовите на Шакира и Пике имаат прекар за новата девојка на нивниот татко

од Stefanija Kuzmanovska

Колумбиската пејачка Шакира и поранешниот шпански фудбалер Жерар Пике ставија крај на нивната 12-годишна врска во јуни 2022 година, откако спортистот имаше афера со студентката Клара Чиа Марти.

Според шпанскиот весник „Марка“, наследниците на Шакира и Пике, Милан и Саша, наводно не ја нарекуваат Клара по нејзиното име, туку имаат прекар за неа – „вработена на тато“.

Да потсетиме, Шакира во разделбата вклучи клаузула во која нејзините две деца не смеат да бидат во присуство на Клара кога поминуваат време со Пике, што на поранешниот фудбалер не му било лесно да го испочитува.

Поради ова, фудбалерот минатиот викенд присуствуваше на свадбата на Тамара Фалко во Каталонија во придружба само на Милан и Саша, па се чини дека сè укажува на тоа дека ќе го одржи зборот.

Слични содржини