Не ми честитајте 8ми март, уште не можам да славам…

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Не ми честитајте 8ми март, уште не можам да славам…

Затоа што жените се научени во други жени да гледаат непријател и конкуренција. Затоа што живеам во општество каде дел од жените уште чекаат „главата“ на семејството да им каже како да гласаат, бидејќи нивното место е примарно кај кујната/правосмукалката. Не ми честитајте 8ми март бидејќи живеам во земја во која абортусот е законски регулиран во не-корист на жените. Бидејќи семејното насилство се смета за дел од „традицијата“. Бидејќи (да не претерувам) секоја трета жена која ја познавам била бар еднаш во животот физички нападната дур шета сама. Бидејќи сингл жените и самохраните мајки се сметаат за грешка во општеството. Бидејќи сѐ уште луѓе ме прашуваат дали Ironman-от е иста дистанца за жени и мажи… и жена сум била, ако продолжам да трчам брзо, кој маж ќе сака да ме стигне.

Бидејќи „трчаш ко жена“, „возиш ко жена“ и слично, сѐ уште се навредливи фрази. Бидејќи „певаљка“ е збор… со „значење“. Бидејќи 6.000 пати во животот ми се случило во работна средина да одговарам на прашање и погледите сепак да се насочени кон мажите во непосредна близина. Бидејќи јавни личности сѐ уште изјавуваат дека жената не е „целосна“ доколку не е мајка. Бидејќи постои фразата „кој ќе те земе ваква“.
Не ми честитајте, не славам… Ќе славам кога ќе ги средиме и горенаведениве (и пар други кои сигурно ги изумив).

 

Статус на Фејсбук на Леана Таќи