Алварез одби да плива оти не му дозволија едноминутно молчење за жртвите од Барселона

од desk2
116 прегледи

Шпанскиот пливач, Фернандо Алварез ги освои симпатиите на спортската јавност откако на мастерс турнирот за ветерани во Будимпешта реши сам со едноминутно молчење да им оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад во Барселона.

Членот на пливачкиот клуб Кадиз побарал од организарот да има минута молчење за жртвите од Барселона, но од ФИНА му одговориле негативно со образложение дека нема доволно време.

Но тоа не го спречи Фернандо Алварез да им оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад на познатата улица Ла Рамбла.

И додека сите останати скокнаа во базенот и ја започнаа трката на 200 метри градно, тој мирно стоеше на својот блок и сам со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите.

„Започнав една минута подоцна но не се грижам за тоа, се чувствував подобро отколку да сум ги освоел сите златни медали“, рече Фернандо Алварез за својот потег со кој ги освои симпатиите на спортската јавност.

https://www.facebook.com/natacioncadiz.natacioncadiz/videos/1713522402286663/