Дали е на повидок нов скандал во кој е вклучен кошаркарскиот сајт „ЕУРОБАСКЕТ” и тоа со промена на името на државата.

Се работи за националноста на дел од сегашните и поранешни македонските репрезентативци кои во графата за националност сајтот напоменал дека се северномакедонци.
Иако Владата на Република Македонија потпиша спогодба со Владата на Грција и се уште не е имплементиран и е во фази, а одредени медиуми веќе ја преименуваа Македонија во Северна Македонија.
Истото го направи и кошаркарскиот сајт „ЕУРОБАСКЕТ” во кој поранешните и актуелни македонски репрезентативци по националност ги напиша Северномакедонци, за да веднаш по реакциите на јавноста мораше да ја поправат „ненамерната“ грешка.


