Не постојат одбивања за попишување и нема потреба од казни, велат од ДЗС

од Nikola Popovski

Бројките за наводни одбивања за попишување се измислени, целосно неточни и немаат никаков допир со реалноста, соопштија од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во нивниот одговор на прашање од МИА, додаваат дека дури и кај изолираните случаи на граѓани кои во прв момент не се попишале, подоцна при последователните контакти ја оствариле својата обврска и дале свој придонес и учество во пописот.

Од ДЗС посочуваат дека казни не се пишуваат, бидејќи за тоа нема потреба.

До 15 часот вчера, попишани се 1.000.034 лица, известуваат од Заводот.

-Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, се вели во соопштението.

Слични содржини