„НЕ САКАМ, НЕ ГИ НИ ПОЗНАВАМ СИТЕ“: Момчето убиец од Рибникар одбило да ги види лицата на жртвите – кога дознал во кого пукал, зажалил само за еден

од Nikola Popovski

Поминаа три месеци од масовното убиство во белградското основно училиште. Убиецот Коста К.(14), кој на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби 9 врсници и училишно обезбедување, не сакал да ги погледне лицата на жртвите над кои го изврши масакрот, пренесува српски „Курир“.

На полициските инспектори им рекол дека не знаел во кого пукал и дали погодил некого, но на прашањето дали сака да ги види фотографиите од децата и обезбедувањето што ги убил во училиштето, тој одбил.

„Кога го прашаа дали сака да ги види фотографиите од децата кои ги убил кобниот ден, тој кратко рече – не, не сакам, не ги знам сите. Тоа беше грешка“, открил изворот за Курир.

Меѓу оние што ги застрелал веднаш штом влегол во училиштето имало и девојчиња од пониските одделенија кои случајно се нашле таму.

„Момчето прво признало дека направил список со над 25 имиња на деца кои сакал да ги убие. Меѓутоа, според неговото признание, сфатил дека „тоа е премногу“, но не се откажал и влегол во училиштето и почнал да пука во секој што ќе се најде пред него, не придржувајќи се до списокот што претходно го направил“, истакнал изворот.

 

„Не знаев во кого пукам, пукав еден по друг, но не знаев дали убив некого, бидејќи не видов крв. Немав ни впечаток дека пукав во пријател со кого се видов претходната вечер. Сега ми е жал“, наводно рекло момчето убиец кога ги дознало имињата на жртвите.

Момчето признало дека пукал по ред, но наводно рекол дека не знае зошто во одреден момент застанал и не продолжил да убива, туку го напуштил училиштето и повикал полиција. На рочиштето тој наводно рекол дека „не му биле пријатели“ и дека го отфрлале и дека поради тоа го извршил страшниот масакр.

На прашањето дали има некоја причина тој ден да влезе во училиштето и дали се случило нешто што го испровоцирало да изврши грозоморно масовно убиство вооружен со пиштолите на татко му тоа кобно утро, тој кратко одговорил: „Ништо посебно не се случи тоа утро, ништо посебно што би ме изнервирало“.

Од масакрот, момчето-убиец се наоѓа во психијатриска клиника, под постојан надзор на стручен тим, но и на полиција, со кој се разговара преку видео врска, во истрагата што против неговиот татко ја спроведува Вишото јавно обвинителство во Белград.

Слични содржини