Не се изгласа петтиот пакет мерки, Џафери побара карантин за Собранието

од Берта Китинска

Вчера собранискиот спикер Талат Џафери ја закажа 36.седница за да бидат донесени законите од петтиот сет мерки.

Џафери држеше монолог на седницата, видно изнервиран што нема кворум за работа. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ чекаа пред салата и бараа од него да ја прекине 32. седница и да ја почне 36. седница, на која на дневен ред се законите од петтиот пакет економски мерки.

Единствен пратеник во салата од ВМРО-ДПМНЕ беше Никола Мицевски, кој побара од Џафери да ја почне 36.седница.

„Прекинете го овој циркус и ајде да ја почнеме 36.седница и да ги донесеме законите од економскиот пакет“, рече Мицевски.

Координаторот на СДСМ Јован Митревски , во меѓувреме, соопшти дека тројца пратеници од мнозинството се позитивни на ковид 19. Тој им се извини на граѓаните што се уште нема услови да се донесе петтиот пакет мерки.

Џафери уште неколку пати ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа пред вратата , на крајот, кога не успеа да ги внесе, ја прекина работата на Собранието.

Тој констатираше дека Собранието е забарикадирано и како што рече, условено во одлуките, ја прекина седницата и побара карантин, бидејќи имало  инфицирани пратеници.

„Очигледно забарикадирано во одлуките, Собранието е условено за начинот на работа, а очигледно вака ако одат бројките со инфекцијата, утре имаме претседателство на Собранието, веројатно ќе биде тема, една од точките и прашањето за карантин за Собранието па не се смеј.. што се смејш, што да правиме, мора да објавиме карантин за Собранието, а има инфекции,овде ја прекинувам работата, за продолжување на седниците, дополнително ќе бидете известени“, рече Џафери .

Слични содржини