Најлудата ноќ е зад нас, а многумина прават листа на желби кои ќе се обидат да ги остварат во новата 2018 година. Без оглед на тоа какви се желбите, многумина, сепак мислат дека од нив нема да биде ништо.

Многумина веруваат и дека таа нова желба и еуфорија ќе им трае само неколку недели и после ќе се вратат на старо. Меѓутоа, според науката тоа не е точно.
Професорот по психологија на Универзитетот Скрантон во Пенсилванија доктор Џон Норкрос тврди дека многумина ќе успеат да си ги остварат желбите, само ако ги постават реално, пишува Independent.
Судејќи според истражувањето, 44 отсто од луѓето ќе ги остварат своите новогодишни желби и одлуки по шест месеци. Исто така, додава дека успехот на луѓето кои така ќе ги постават своите желби и одлуки за наредната година е десетпати поголем од оние кои само сакаат промени, а не си ги поставуваат пред себе.
Доктор Маресело Кампос од Медицинскиот факултет на Харвард вели дека правењето список на новогодишни одлуки создава чувство на обврска.
Според Кампос, вистински поттик е правење список со овие пет прашања.
Зошто сакате промени?
Кои се вашите цели?
Кој ви е поддршка?
Кој е вашиот план?
Како ќе го прославите успехот?