Превирањата не стивнуваат: Родителите најавија протест, од МОН со апел: Бојкотот ќе им наштети на учениците

од Берта Китинска

Воведувањето на дигитални учебници кое беше најавено како дел од новиот концепт во образованието предизвика бура реакции во јавноста.

По најавената реформа за дигитализација на образованието, се формираше група под името „Учебници и настава мора да има“ каде што голем број на родителите јасно посочуваат дека се против тоа.

Од истата група може да се увиди дека најпрво беше направена онлајн петиција против воведување на дигиталните учебници, а истите членови најавуваат и отварање на пунктови ширум целата држава, а истовремено од нивна страна се подготвуваат и протести.

Претставниците на „Учебници и настава мора да има!“ вчера јавно побараа стопирање на постапката за измена на законот за учебници и дидактички материјали

„Стопирање на постапката за донесување законот, организирање на јавна расправа и дебата за измените во законот, директно и непосредно учество на стручни лица и претставници од групата на граѓани за ревизија и интервенции во законот. Доколку не се одговори на нашите барања ќе следуваат други активности како протести, барања за оставка на Царовска и покренување на граѓанска иницијатива согласно законот за непосредно изразување на граѓаните. Ние нема да застанеме бидејќи се работи за здрав образовен систем на нашите деца и здрава иднина на нашите деца “, рече Драгана Спасевска, родител и претставник од групата.

Воедно вчера беше бојкотирана наставата во неколку училишта.Имено средношколците во знак на револт одлучија да не ги вклучат компјутерите.По ваквите информации, од МОН изјавија дека новиот Закон воопшто не ги засега средношколците и го осудија на повикот за утрешниот бојкот од родителите.

“Апелираме до граѓаните кои се дел од оваа иницијатива, да не ги вовлекуваат учениците во нешто што ќе им наштети на училиште и ќе им создаде празнини во знаењето. Тоа не вистинската вредност и цел за која треба да се бориме.”, велат од МОН.

Слична порака дојде и од Сојузот на средношколци, кои велат дека не стојат зад најавите на бојкот.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, преку својот фејсбук профил вчера одговори на најчестите прашања кои се поставувани од страна на информатичарите, а се однесуваат на актуелната најава за дигитализација во образованието.

Таа напомена дека за дигитализација и пристап до дигитални учебници не се потребни дополнителни софтверски лиценци, тие ќе бидат бесплатни за сите.

За денеска најавен е целосен бојкот на наставата од страна на неформалнат група родители кои се челнови на Учебници и настава мора да има!“

Од Владата велат дека Законот за учебници се уште не е испратен до Собранието каде што треба да биде донесен со европско знаменце. Првичната верзија вчера беше повлечена од процедура, со образложение дека треба да се доработи и усогласи со европските пракси и регулативи.

Слични содржини