Неделен хороскоп: На Лавовите им се враќа личност од минатото

од Elena Daskalova
292 прегледи

Со самото прекинување на ретроградноста на Меркур, доаѓа нова етапа во животите на сите хороскопски знаци. На повидок е навистина возбудлива недела. Искористете го тоа.

Овен

Оваа недела очекувајте го неочекуваното. Ќе бидете обземени од силни емоции, а можна е и нова романса. Ако сте вљубени, партнерот ви враќа дури и со посилна страст. Нови шанси ве чекаат на секој чекор, на секое поле. Некои од вас ќе добијат добри вести за финансиите. Задржете ја концентрацијата и не носете радикални одлуки.

Бик

Среќата е на ваша страна. Полни сте со оптимизам и задоволство. Добивате бројни комплименти на сметка на вашата професионалност, но и на изгледот. Ова е одлична прилика да започнете некој нов проект, но и за нова врска. Спремни сте несебично да им помагате на оние на кои им е потребно тоа. Самодовербата ви е на многу високо ниво.

Близнаци

Оваа недела сте многу чувствителни, па дури и се грижите за проблеми кои не се ваши. Но, и самите ќе се најдете во некоја деликатна ситуација. Ќе ви помогнат оние на кои веќе вие повеќепати сте им помогнале. Имате причини да бидете задоволни со себе. Некои од припадниците на овој хороскопски знак имаат шанса за сериозно романтична врска.

Што им носи оваа недела на останатите хороскопски знаци дознајте ТУКА.

Слични содржини