Неделниот хороскоп ви дава одредени насоки како ќе се развиваат нештата и што можете да очекувате од себе и од ѕвездите. Прочитајте како тоа ќе влијае врз вашиот хороскопски знак.
Овен
Овните имаат поволен љубовен период во кој може да прават што сакаат, и да го држат партнерот на дистанца и да се зближат, да флертуваат, да раскинуваат, да влегуваат во нови врски. На работа е активно и динамично, но во секој случај, вашите цели се остварливи. На вас е само правилно да ја насочите енергијата. Здравјето ви е одлично, можни се само мали хронични тегоби. Конечно се враќате на правилната и контролирана исхрана.
Бик
Вашето љубовно расположение е променливо, а ако сте во врска, тоа воопшто не ѝ оди во прилог. Во еден миг сте целосно полетни, а веќе во следниот не ви се губи ни минута на љубовни интриги. На работа имате значајни промени, што значи и дека ќе мора да го промените својот начин на извршување на задачите и да се прилагодите на новонастанатата ситуација. Можни се тегоби со грлото или со слабокрвност.
Близнаци
Љубовната енергија ви е интензивна, па не ве допираат дури ни ситните стресови кои ги предизвикува однесувањето на партнерот. Слободните Близнаци ќе започнат комуниација со интригантна личност. На работа е како и секој ден, на моменти здодевно, на моменти забавно. Можни се проблеми со циркулацијата и притисокот. Време е да воведете порестриктивен план за диета и исхрана.
Рак
Се чувствувате како да сте изгубени на љубовен план бидејќи ни сами пред себе не знаете да дефинирате што всушност сакате. Добро е што во ваквиот период не инволвирате второ лице, туку го надминувате сами. Постојан притисок и на работа, не можете да најдете време за ништо надвор од тоа. Но, и на овој период му доаѓа крај. Здравјето ви е чувствително, а крајно време е да се ослободите од десертите и масната храна.
Лав
Ситуацијата не е сјајна кај Лавовите кои се во врска. Од друга страна, слободните Лавови се препуштаат на флертот и страстите, без да се грижат колку тоа ќе трае. На работа, некои ситуации не ви одговараат, ви се чини како ништо да не мрда од место и можно е без размислување да прифатите некоја нова понуда. Под стрес сте и јасно ви е дека целосно мора да ги промените поголемиот дел од животните навики и стилот.
Девица
Емотивни сте, но за среќа, имате разбирање од страна на партнерот. Ако сте слободни, ќе имате можност да избирате меѓу повеќе заинтересирани лица. Добра недела ве чека и на работа, ќе бидете изненадени позитивно од поголемиот дел од колегите, но и од претпоставените. Финансиската ситуација е добра, но кога е здравјето во прашање, мора да бидете повнимателни, да работите на имунитетот и редовно да земате пробиотици.
Вага
Кај вас е вистинска мешаница од емоции, без разлика дали сте слободни или во врска. Почекајте оваа ситуација да се смири пред да се впуштите во каков и да е нов однос. Работа имате многу, а ви се чини дека никогаш нема да можете да постигнете да ги завршите сите задачи. Проверете ја крвната слика, а ако ви е мисла, направете и детална анализа. Паѓате во искушенија кога е во прашање храната, иако сакате да почнете здраво да јадете.
Скорпија
За слободните Скорпии овој период е одличен, ќе се интересирате и ќе се интересираат за вас, но ништо нема да прерасне во приказна од бајките. Ако сте во врска, ќе имате мноштво емоционални моменти со партнерот. Одлично функционирате и на професионално поле, работите со „сто на саат“ и таа динамика ви годи. Склони сте кон вирусни инфекции, дишниот тракт ви е чувствителен. Контролирајте се со јадењето.
Стрелец
Со саканата личност сте на иста бранова должина, но тоа е тоа, за сè останато треба напорно да работите и двајцата. Слободните Стрелци зрачат со магнетна привлечност. Мотивирани сте за работа, енергични, а тоа гарантира професионален успех оваа недела. Чувствителни ви се дишните патишта, можно е да настинете или да закачите вирусна инфекција. Празниците завршија, вратете се на секојдневната исхрана.
Јарец
Постоеше тензија меѓу вас и партнерот, но сега тоа се смирува и конечно можете да се вратите во нормала. Ако сте слободни, очекувајте да запознаете интересна личност во вашиот живот. Неделава е одлична за склучување договори, комуникациите ви се на високо ниво и очигледно е дека точно знаете што правите во секој момент. Нервозни сте без особена причина. Обидете се да го најдете коренот на проблемот.
Водолија
Она што вие го сакате лесно го добивате, а она што друг го посакува од вас, треба да се помачи за да го добие. Драги Водолии, не може така, треба и вие да дадете нешто од себе. Работа има, мирно е, ќе имате доста состаноци, но нема да трошите време за да објаснувате зошто нешто нема да оди, ќе оставите сами да видат. Воведувате ред во својата исхрана, имате план, но мирисот на брзата храна постојано ве мами.
Риби
Љубовта ви е стабилна, мирна, односите се хармонични, немате расправии со партнерот. Ако сте сингл, со својата енергија привлекувате повеќе додворувачи. Можни се проблеми со соработниците во текот на оваа недела, ќе се изнервирате, но ќе се потрудите тоа да не го покажете на сите. Можни се болки во грлото, но проблемот лесно ќе го решите со топол чај и со мирување.