Најголемото истражување во светот за ставовите на луѓето за имунизација покажува дека довербата е многу мала.
Недовербата на јавноста кон вакцините, значи дека светот отишол чекор назад во борбата против смртоносните заразни болести, предупредуваат експерти.
Најголемото светско истражување за имунизацијата покажува дека луѓето во некои делови на светот немаат доверба во вакцината.
Независната хуманитарна организација Велкам Траст презентираше анализа која вклучува одговори на повеќе од 140.000 луѓе од 140 земји.
Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека недовербата кон вакцинацијата е меѓу првите десет закани за јавното здравје.
Велкам Глобал Монитор спроведе анкети во 142 земји. Темите за истражување се: доверба во науката, научниците и здравствените информации; нивоа на разбирање и интерес во науката и здравјето; и ставовите кон вакцините.
Светското истражување покажа дека голем број луѓе мислат дека вакцините не можат да им помогнат.
На прашањето дали е безбедно да се користат вакцини:
79 проценти (осум од десет) одговориле „делумно се согласувам” или „целосно се согласувам”
7 проценти одговориле „делумно не се согласувам“ или „целосно не се согласувам“
14 проценти ниту се согласуваат ниту не се согласуваат или „не знаат“
На прашањето дали веруваат дека вакцините можат да помогнат:
84 проценти целосно или делумно се согласуваат
5 проценти целосно или делумно не се согласуваат
12 проценти ниту се согласува, ниту не се согласува или „не знае”
Зошто е важно?
Постојат голем број на научни докази дека вакцинацијата е најдобра одбрана против смртоносните и исцрпувачки инфекции, како што се малите сипаници.
Вакцините заштитуваат милијарди луѓе ширум светот. Болестите како големи сипаници се целосно искорени, а поради вакцинацијата дури и детската парализа речиси исчезна.
Сепак, некои други сериозни болести, како што се малите сипаници, повторно се појавуваат и експертите велат дека луѓето кои ги избегнуваат вакцините се оние кои се плашат и оние кои веруваат во дезинформации.
Д-р Ен Линдстранд, експерт за имунизација на СЗО, вели дека моменталната ситуација е многу сериозна.
-Незадоволството од вакцините доведе до пречка на глобалниот напредок во контролирањето на болестите, кои можат да се спречат со овој метод, вели Линдстранд, додавајќи дека новото појавување на овие болести е неприфатливо.
Во земјите, во кои оваа болест беше близу до искоренување, се случија големи епидемии.
Истражувањето покажува зголемување на овие болести во речиси сите делови на светот, со 30 отсто повеќе случаи во 2017 година отколку во 2016 година.
Одлуката вакцинацијата да не се изврши поради која било причина претставува ризик за другите.
Доколку доволно луѓе се вакцинираат, се спречува ширењето на болеста – нешто што експертите го нарекуваат „колективен имунитет“.
Имран Кан од Велкам Траст вели дека тие се навистина загрижени за бројот на лица заболени од мали сипаници и дека ако 95 проценти од луѓето не се вакцинираат, постои можност за повторно ширење на болеста.
Зошто постои недоверба?
Во земјите каде што луѓето имаат најголеми примања доверба во безбедноста на вакцината е најмала.
Во Франција, една од европските земји во кои се појави епидемија на мали сипаници, тројца од пет испитаници рекле дека вакцините не се безбедни.
Французите не веруваат дека вакцините се ефикасни (19 отсто), но не веруваат ниту во тоа дека се важни за децата (10 отсто).
Француската влада додаде уште осум задолжителни вакцини, со трите, кои деца во оваа земја веќе ги добиваат.
Во соседна Италија, 76 проценти од испитаниците се согласуваат дека вакцините се безбедни. Во Италија, неодамна беше усвоен закон со кој невакцинираните деца не можат да одат на училиште, а за нивните родители е предвидена казна.
Велика Британија допрва треба да преземе такви чекори, но министерот за здравство, Мет Хенкок, вели дека се планира воведување на задолжителна вакцинација, доколку е потребно.
Во Америка оваа година, исто така, се разви епидемија на мали сипаници и беше најголема во последните неколку децении. Тогаш се заразија 980 илјади во 26 федерални држави.
Во Северна Америка, јужна и северна Европа, нешто повеќе од 70 проценти од луѓето се согласуваат дека вакцините се безбедни.
Овој процент е 59 проценти во Западна Европа и 50 отсто во Источна Европа.
Во Украина, која пријави најголем број случаи на мали сипаници во Европа минатата година (вкупно 53.218) – само 50 отсто од луѓето се согласуваат дека вакцините се ефикасни.
Во Белорусија 46 проценти, во Молдавија 49 отсто, а во Русија 62 проценти.
Успешни приказни
Повеќето луѓе во областите со ниски примања се согласуваат дека вакцините се безбедни. Најголем број во Јужна Азија, каде што 95 отсто од луѓето се согласуваат со овој став, а веднаш зад неа е Источна Африка со 92 проценти.
Бангладеш и Руанда имаат постигнато многу високи стапки на имунизација и покрај многу тешкотии вакцините физички да стигнат до луѓето.
Руанда стана првата земја во светот која им обезбеди на младите жени можност да се вакцинираат против ХПВ вирусот.
Зошто луѓето се скептични?
Во анкетата, испитаниците кои рекле дека имаат најголема доверба во научниците, докторите и медицинските сестри, велат дека вакцината е важна и безбедна за употреба.
Извештајот на организацијата Велкам не покажува зошто довербата во вакцините е толку ниска, но се верува дека многу фактори влијаат на тоа.
Некои луѓе мислат дека ако оваа болест не е честа, од неа нема опасност, па со самото тоа за неа не е потребна вакцина.
Сите лекови, вклучувајќи и вакцини, може да имаат несакани ефекти. Но вакцините се темелно тестирани за да се провери дека се безбедни и ефикасни за луѓето.
На Интернет можат да се прочитаат различни мислења на оваа, а многу од нив не се поткрепени со проверливи факти.
Во Јапонија постои загриженост за вакцината против ХПВ, поради тврдењата дека предизвикува невролошки проблеми, а експертите веруваат дека тоа ќе доведе до потполна недоверба во имунизацијата.
Слично на тоа, во Франција имаше контроверзии околу вакцината против пандемиски грип, бидејќи тие беа брзо направени и владата ги купи во големи количини.
Една од најважните интервенции во сузбивање на сомневањето за вакцината е обучување на здравствените работници и нивната способност да одговорат на сите прашања, кои ги мачат родителите и сите оние кои треба да бидат вакцинирани.