Нејмар го прослави својот 26-ти роденден со Роналдо и Кавани

од Vladimir Zorba

Бразилската суперѕвезда на ПСЖ, Нејмар го прослави 26-тиот роденден во друштво на Роналдо, но не на Кристијано, туку на Феноменот.

Забавата за празникот на најскапиот фудбалер на планетата помина во престижен париски ресторан, а меѓу поканетите беа тренерот на ПСЖ Унаи Емери, како и најблиските соиграчи на Нејмар – Дани Алвеш, Килијан Мбапе, Марко Верати, Анхел ди Марија, како и Единсон Кавани.

Меѓу поканетите над 150 гости се забележуваат и имињата на фудбалерот на Олимпик Марсеј – Луис Густаво, како и на напаѓачот на Манчестер Сити – Габриел Жезус.

Нејмар наполни 26 години во понеделникот, но прославата се одложи.

Слични содржини