Нејмар: Луѓето зборуваат многу за нас, но не знаат што се случува

од Vladimir Zorba

Нејмар е мотивиран за успеси со Пари Сен Жермен во новата сезона. Тимот го победи Нант со 4-0 за францускиот Суперкуп во неделата вечерта и изгледа подготвен за кампањата.

Сепак, Бразилецот е разочаран од постојаните шпекулации за проблеми во тимот, а самиот Неј и Лионел Меси минатата сезона беа предмет на критики.

Сега двајцата постигнаа три од четирите гола на средбата за Суперкупот.

„Луѓето зборуваат многу, но не знаат што се случува внатре во клубот“, изјави Нејмар. – Дали е ова некој нов Лео сега? Не мислам така, затоа што Лео е Лео и тој нема да се промени и ќе продолжи да прави разлика“.

Слични содржини