Некогаш е поздраво да се биде без работа

од desk2
73 прегледи

Иако денес е голема невработеност, понекогаш е подобро да се биде без работа отколку да се минува тортурата на шефовите и фирмите. Најновото истражување покажува дека вработените со лоши работни услови страдаат подеднакво како и луѓето без работа. 

Националниот универзитет во Австралија ја спореди менталната состојба на вработени и невработени Британци. Шефот на истражувачкиот тим изјави дека вработените кои се незадоволни од својата работа чувствуваат исти проблеми како и невработените луѓе.

Тој додаде дека овие луѓе еднакво чувствуваат анксиозност или депресија, без разлика што едните заработуваат, а другите не.

Некои претходни истражувања покажале дека луѓето кои се незадоволни од работата имаат повисок крвен притисок и кога не се на работа. Исто така, оние кои се наоѓаат на повисоки функции имаат 20 отсто повеќе шанси да добијат некоја болест на срцето. 

Психологот Дерил О’Конор од Универзитетот во Лидс потенцира дека се се сведува на чувството дали имаме или немаме контрола врз она што го работиме. Еден од примерите е чувството дека нашиот труд на работа не е адекватно награден и предизвикува стрес, а тоа ја зголемува шансата за болест на срцето.

Професорот Батерворт додава дека подобрувањето на условите за работа, како на пример подобро осигурување, помалку ангажмани и зголемување на самодовербата, можат позитивно да влијаат на психичкото здравје и да доведат до помалку боледувања.