Стара ветерница која се наоѓа во Скагнес во Англија претворена е во одличен семеен дом, а сега е понудена на продажба.

Ветерницата е направена во далечната 1850 година, а во до е претворена во 1989 година. Поседува пет спални соби, четири бањи, трпезарија, кујна, дневна соба, остава и гаража.
Кујната претставува една од најуникатните простории во целата куќа. Сместена е во самиот центар на некогашната ветерница и е со тркалезен облик. Во средината е маса од каме, а над неа дрвен таван од кој висат две столици.
Во објектот нема да биде студено, затоа што е вградено подно греење. Ветерницата нуди поглед од 360 степени, на градот Бурж ле Марш, а најдобро се гледа од просториите на врвот од кулата. Имото вклучува и градина, поплочен приод, различни билки, расвета и езеро.
Цената му е 520.000 фунти или нешто помалку од 600.000 евра.