Некои луѓе се предодредени да бидат прељубници

од Stefanija Kuzmanovska

Сексуалниот инстинкт може да се претвори во сопствена предност во моногамна врска, а не против себе, велат експертите. Вродените машки и женски одлики можат да ја направат моногамијата во врската неодолива за обајцата.

Статистичките податоци откриваат дека половина од браковите завршуваат со развод, а повеќе од 50 отсто од мажите и жените имаат вонбрачни односи. Сликата не е подобра ниту во недопрените бракови. Се проценува дека 20 отсто од брачните парови имаат секс дури и помалку од шест пати годишно.

Антрополозите и зоолозите веќе една деценија тврдат дека помалку од три отсто од цицачите се природно моногамни и дека тоа не е во природа, ниту за животните ниту за луѓето. Луѓето обично имаат тенденција да бидат моногамни затоа што генетски веруваат дека интимноста е попријатна. Физиолошките фактори исто така играат улога.

Така, луѓето со повисоки нивоа на тестостерон е потешко да останат моногамни. Современата технологија како што се интернетот и мобилните телефони го сменија лицето на моногамијата во последниве години, бидејќи им дадоа на луѓето полесна можност за изневерување.

Сексуалниот инстинкт може да се претвори во сопствена корист во моногамна врска, а не против себе, велат експертите. Вродените машки и женски одлики моногамијата во врската можат да ја направат неодолива за обајцата затоа што ја зголемуваат сексуалната желба, а истовремено го мамат спротивниот пол.

Жените имаат вродена женственост, што ги прави отворени, ранливи и чувствителни кон мажите. И двајцата имаат корист од ова затоа што овозможува подлабоко ниво на сексуално исполнување бидејќи на жените им е полесно откако ќе се отворат и веруваат, а мажот може да ѝ обезбеди заштита и прибежиште.

И обратно, ако мажот е нежен, партнерката се чувствува безбедна и сакана покрај него и се создава врска на доверба. Ако овие улоги се менуваат наизменично, а страста за личноста на партнерот се одржува, да се остане верен не е толку невозможно.

Слични содржини