Неофицијален извор за Трамп: Симптомите се загрижувачки, следните 48 часа се критични

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не е на патот кон безбедно закрепнување од Ковид-19 и некои од неговите витални знаци во последните 24 часа се многу загрижувачки, изјави во саботата извор добро запознат со неговата здравствена состојба

Проценката на тој извор е во спротивност со мислењето на медицинскиот тим, кој на прес-конференцијата денеска изјави дека американскиот претседател е „многу добро“.

Еден од тие лекари рече дека Трамп им рекол: „Се чувствувам како денес да можам да си одам од тука“.

Изворот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека следните 48 часа ќе бидат критични кога станува збор за здравјето на Трамп.

Трамп беше сместен во воената болница Валтер Рид недалеку од Вашингтон во петокот, неколку часа откако беше потврдено дека заболел од Ковид-19.

Лекарот од Белата куќа Шон П. Конли пред новинарите денеска пред болницата изјави дека Трамп нема проблеми со дишењето и дека во моментов не прима кислород.

„Тим и јас сме многу задоволни од напредокот на претседателот“, рече тој, не сакајќи да каже кога Трамп може да биде пуштен од болницата.

Белата куќа објави дека Трамп (74) ќе работи во специјален апартман во следните неколку дена поради претпазливост.

Британскиот премиер Борис Џонсон во саботата изјави дека е убеден дека Трамп брзо ќе закрепне.

Кинескиот претседател Си Џинпинг испрати порака до Трамп и неговата сопруга во која им посака брзо закрепнување, објави кинеска телевизија.

Слични содржини