Несекојдневен случај: Маж јадел 100 дена во Мекдоналдс и ослабел 26 килограми

од Nikola Popovski

Кевин Магинис, 57-годишен маж од Нешвил, САД вели дека откако јадел исклучиво во Мекдоналдс 100 дена, изгубил околу 26 килограми.

Според неговите зборови, тој на три пати денот јадел половина од порцијата што ја нарачувал за да го ограничи внесот на калории за време на неговиот експеримент, пренесува Гардијан.

Тој избегнувал грицки помеѓу оброците и пиел само вода, по што намалил 26,5 килограми и го подобрил холестеролот, шеќерот во крвта и ризикот од срцев удар.

„Порано бев преддијабетичар. Сега сум во рамките на здравото“, рече Мегинис.

Пред да започне со својот експеримент, тој тежел 108 килограми, а 100 дена подоцна, бројот на килограми паднал на 81,4.

Мегинис додал дека на половина пат му се придружила и сопругата која ослабела девет килограми.

Слични содржини