Нетанјаху: Израел има три предуслови за воспоставување мир со Палестинците

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел има три предуслови за воспоставување мир со Палестинците во Појасот Газа.

„Хамас мора да биде уништен, Газа мора да биде демилитаризира и палестинското општество мора да се дерадикализира“, напиша Нетанјаху во авторски текст за Wall Street Journal.

Тој навел дека САД, Велика Британија, Франција, Германија „и многу други земји ја поддржуваат намерата на Израел да ја уништи терористичката група“.

„За да се постигне таа цел, неговите воени капацитети мора да се уништат и да се стави крај на неговата политичка моќ врз Газа“, рече Нетанјаху.

Слични содржини