Нетанјаху: Израел не сака да ја освои, окупира или да владее со Газа

од Nikola Popovski

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштил дека неговата земја не сака да го освои, окупира или владее со појасот Газа по војната против Хамас, но дека „кредибилните сили“ ќе мора да влезат во палестинската енклава доколку е потребно за да се спречи воена закана.

„Ние не сакаме да ја освоиме, не сакаме да ја окупираме и не сакаме да владееме со Газа“, изјавил Нетанјаху во четвртокот за „Фокс њуз“.

Тој додал дека во Газа ќе треба да се формира цивилна влада, но дека Израел ќе се погрижи напад како оној на 7-ми октомври да не се повтори.

Слични содржини