Нетанјаху навести можен договор за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас

од Nikola Popovski

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска обелодени дека „можеби постои“ потенцијален договор за заложниците со Хамас, но одби да даде повеќе детали, велејќи дека тоа може да ги попречи чувствителните преговори за ослободување на оние што милитантната група ги зароби на 7 октомври.

„Мислам дека колку помалку зборувам за тоа, толку повеќе ги зголемувам шансите тоа да се случи“, рекол тој о интервју за „Meet the Press“ на „NBC News“.

Запрашан од водителката Кристен Вокер колку е блиску Израел до извлекување на заложниците, Нетанјаху изјавил дека нема договор додека неговите сили не започнат копнена операција во Газа.

-Секој договор беше „резултат на притисок, воен притисок“, кажал Нетанјаху пред да ја пофали работата на израелските одбранбени сили.

„Тоа е единственото нешто што може да создаде договор и ако договорот е достапен, ќе разговараме. Ќе го објавиме доколку е можно“, рече тој.

На прашањето дали знае каде се сите заложници во моментот, Нетанјаху рекол: „Знаеме многу, но нема да одам подалеку од тоа“.

Помина нешто повеќе од еден месец откако Хамас го започна нападот врз Израел на 7 октомври во кој беа убиени повеќе од 1.200 луѓе, а околу 220 беа земени како заложници.

Во неделите што следеа, израелското немилосрдно бомбардирање на Газа како одговор доведе до смрт на повеќе од 11.000 луѓе, додека повеќе од 1,6 милиони беа раселени, според проценките на Обединетите нации.

Слични содржини