Нетанјаху: Правиме сè за да има што помалку цивилни жртви, но за жал не сме успешни

од Stefanija Kuzmanovska

Израел прави сè што може за да ги заштити цивилите додека се бори со Хамас во Газа, вклучително и фрлање летоци со предупредување да се евакуираат, но претходните обиди да се минимизираат цивилните жртви „не беа успешни“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Секоја цивилна смрт е трагедија и не треба да ја имаме бидејќи правиме сè што можеме за да ги отстраниме цивилите од опасност, додека Хамас прави се за да ги задржи таму“, рече Нетанјаху во четвртокот во интервју за Си-Би-Ес Њуз, пренесе „Ројтерс“.

Тој изјави дека затоа Израел фрла летоци, телефонски ги повикува палестинските цивили и ги предупредува да се евакуираат, што, според него, многумина го направиле.

Нетанјаху истакна дека целта на воената кампања во Појасот Газа е уништување на милитантите на Хамас.

Слични содржини