Неуспешна побуна на приврзаниците на Трамп, четворица мртви по упадот во Конгресот

од Берта Китинска

Капитол е под контрола по синоќешните немири, во кој беа убиени четири лица, меѓу кои и една жена која беше застрелана и која сè уште не е идентификувана, пренесува Си-Ен-Ен

Да потсетиме, немирите се случија кога американскиот претседател Доналд Трамп ги повика луѓето да се борат против церемонијалното пребројување на изборните гласови, што треба да ја потврди победата на Џо Бајден.

Неколку лица беа повредени за време на судирите меѓу властите и демонстрантите кои ја пробија оградата и упаднаа во Капитол Хил. Најмалку едно лице е пренесено во болница Полицијата соопшти дека „само“ 52 лица биле уапсени, и покрај немирите, кои брзо се прошириле. Властите велат дека зградата на Конгресот е безбедна. Полицискиот час, кој ќе трае до шест часот наутро по локално време, стапи во сила.

Според неофицијалните информации, најмалку две бомби се пронајдени на местото на немирот.

Едниот беше во комплексот на Капитол, а другиот во зградата каде што се сместени канцелариите на Републиканскиот национален комитет. Властите соопштија дека уредите биле уништени. Членовите на Конгресот беа евакуирани, а полицијата и специјалните единици ги уапсија бунтовниците.

Слични содржини