Оваа недела американската армија испраќа тенкови во држави до границата со Русија. Тоа изгледа како најголемото распоредување на блиндирана техника во Источна Европа од крајот на Студената војна, пишува весникот “Волстрит џурнал”, цитиран од агенциите.

По заедничките американско-полски вежби во Северна Полска, кои започнале вчера, некои од главните тенкови M1A2 Abrams, кои се користат во учењето, ќе бидат префрлени во балтичките држави Латвија, Естонија и Литванија, каде што тие ќе останат додека НАТО ги активира “силите за воздржување “напролет, појаснува весникот.

Весникот пишува уште, повикувајќи се на Адам Томсон, шеф на European Leadership Network и поранешен амбасадор на Велика Британија во НАТО дека распоредувањето на американски војници и блиндирана техника во Европа “покажува дека сојузниците ја извршуваат својата одлука да се создадат мали сили за подобра детекција на секоја руска акција во Балтикот и да и  се покаже на Москва дека големите сили во алијансата стојат зад источните сојузници “.

ZDF излегува со наслов: Полска е подготвена за војна со Русија, но му се крсти  на Бог и на Трамп. Во информацијата се наведува  дека полски и американски војници одржуваат во Жагани заеднички маневри, што е настан есенцијален за Варшава, бидејќи полските власти го сметаат САД за свој бранител од Русија. Не случајно министерот за одбрана на Полска се појавува во маскирна униформа и вели: “Сакаш мир, подготвувај се за војна. Полска е подготвена! Бог да чува гопретседателот на Америка Трамп!”

Овие кадри треба да станат сигнал за Москва, нивната цел е заплашување и демонстрација на сила на источното крило на НАТО.

“Волстрит џурнал” потсетува дека во Полска пристигна Трета бригада од Колорадо со 3 500 војници и околу 250 борбени машини, вклучувајќи артилериски системи.

Штабот им е во Полска. Тие ќе останат во Европа за период од 9 месеци, по што ќе бидат заменети.

Во овие месеци бригадата ќе биде испратена во Унгарија, Полска, Германија и Романија.

“Волстрит џурнал” пишува уште дека Американците ќе го зголемат бројот на  хеликоптерите и ќе распоредат во Европа уште 900 војници.