Невил го исплука и Алексис: Целосно разочарување!

од Vladimir Zorba

Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил ја утврди играта на новата аквизиција, Алексис Санчез како разочарувачка, но сепак му даде корисни совети како да ги подобри перформансите.

„Да, тој се претставува фрустрирачки, откако дојде во Јунајтед. Но според мене тој треба да игра понапред“, прокоментира аналитичарот за телевизијата „Скај Спортс“.

„Ливерпул ќе сака да го види како влегува подлабоко, отколку да дебне зад Трент Александер-Арнолд. Играчот се справи многу добро на „Олд Трафорд“, но ќе му е доста тешко против Марсиал или Алексис, ако тие трчаат зад него“, вели Невил

„Санчез треба да добива пасови во предните позиции и јас би сакал да го видам поблиску до Ромелу Лукаку, па дури и да трча зад неговиот грб“, додаде легендарниот бек на „црвените ѓаволи“.

Слични содржини