„Независни за Карпош“: Георгиевска работи законски и совесно, бараме извинување или ќе поднесеме тужба за клевета

од Vladimir Zorba

Советничката група на „Независни за Карпош“ преку соопштение категорично го демантираат обвинувањето за незаконско и несовесно работење кон нивната советничка, Невена Георгиевска, изнесено во име на вработените на општина Карпош на денешната прес конференција. Побараа јавно извинување, во спротивно ќе поднесат тужба за клевета.

„Нашата советничка група не поднела ниту еден амандман на Буџетот на општина Карпош за 2024 година и се залагавме токму за спротивното, за надминување на проблемот помеѓу советничката група на ВМРО-ДПМНЕ (која поднесе скоро 4,000 амандмани на Буџетот, со цел за блокирање на Буџетот), градоначалникот и општинската администрација, само и само да може општината непречено да функционира, да се исплатат платите во целост на сите вработени во општинската администрација, училиштата и градинките, и да не се загрозат договорите на сите привремено вработени. Секое решение од оваа немила ситуација, согласно законите и прописите, го поддржуваме, како и до сега“, се вели во демантот.

Слични содржини