Млад човек со маска направи супер ризичен и идиотски скок пред возот во метрото во Москва, пишуваат социјалните медиуми.

Според очевидци тоа се случило на станица “Полежавскаја”. Од снимката се гледа како момчето прави салто пред пристигнувањето на возот во  станицата  .

Се гледа дури запрепастувачката фаца на машиновозачот. За среќа најопасниот експеримент завршува без последици. Од снимката се гледа дури и како младиот љубител на екстремните настапи   мирно се качува во воз од другата страна на платформата. Неговиот идентитет  не е утврден, но снимаката е најгледана и коментирана по социјалните мрежи.