Ни елката пред центарот „Рокфелер“ во Њујорк не е тоа што беше…(ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

За елката што вчера беше поставена пред центарот Рокфелер во Њујорк не престанува да се зборува. Прво, работниците кои ја поставија новогодишната елка, открија минијатурен був скриен во нејзината крошна, кој патувал во Њујорк со елката три дена, поминувајќи 270 километри.

Малата птица беше откриена во понеделникот и го доби името Рокфелер. Рокфелер беше дехидриран и гладен, но без повреди, изјави управителот на центарот за диви животни „Равенсбард“, Елен Калиш.

Птицата е однесена во тоа засолниште по ветеринарен преглед. На птицата ѝ беше понудена храна и центарот планира да ја ослободи викендов, кога ќе се опорави.

Сепак, освен бувот, и изгледот на дрвото го привлече вниманието на луѓето на социјалните мрежи. Имено, социјалните мрежи не ја дочекаа елката со ентузијазам поради лошата крошна, а некои заклучија дека нејзиниот тажен изглед соодветно го означува крајот на годината, што треба да се заборави што е можно побрзо.

„Дали ова дрво има Ковид?“, „Типична 2020 година“, се дел од коментарите.

Слични содржини