Никогаш не треба да земате лекови со ОВИЕ пијалоци

од Vladimir Zorba

Нова студија, објавена во Saudi Pharmaceutical Journal, истражувала како на лековите влијаат разновидните пијалоци, со кои луѓето ги земаат. Резултатот е дека најдобро е да ги слушате упатствата и да пиете таблети со вода. Студијата се фокусираше на лекови против болки, воспаленија и лекови за алергија.

Подолу е листа на пијалоци со кои никогаш не треба да земате лекови.

Кафе

Истражувачите во студијата го земале предвид кафето на сите температури, 5 степени и 37,7 степени. Не само што е познато дека кафето содржи силни соединенија и дека кофеинот може да влијае на дејството на лековите, туку една студија сега сугерира дека топлите пијалоци како кафето можат да ја променат хемијата на лековите и како лекот се разградува во телото.

Сок од портокал

Познат по витаминот Ц, сокот од портокал може да биде пијалок кон кој се свртувате кога не се чувствувате добро. Во оваа студија, тие откриле дека сокот од портокал е еден од главните пијалоци што влијае на времето на ослободување на активните состојки на лековите со парацетамол.

Кока Кола

Не треба да се нагласува дека газираните пијалоци не се најздрави, а огромните количини шеќер во нив може да ги влошат воспалителните процеси. Кока Кола бил еден од пијалоците во студијата што исто така влијаеше на тоа како лековите се разградуваат во телото. Таа не влијаеше само на лековите за алергија.

Енергетски пијалоци

Кога не се чувствувате како да сте на највисоко ниво на функционирање, ви треба нешто што ќе ви даде енергија. Сепак, енергетските пијалоци се исто така меѓу пијалоците со кои не треба да пиете апчиња.

Млечни производи

Истражувачите користеле сурутка во студијата, и иако многумина всушност не пијат лекови со него, ова укажува дека млечните производи не се идеален избор за пиење таблети со нив, пишува Eat this.

Слични содржини