Николовски: Делата на Светите Кирил и Методиј се обединувачки фактор и големо цивилизациско богатство

од Nikola Popovski

Со нивната благородна мисија и дело, браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес за словенските народи, за македонскиот народ, за Европа и светот. Свети Кирил и Методиј имаат значајна улога во поставувањето на темелите на писменоста на сите словенски народи. Како основачи на првото словенско писмо Светите браќа оставија големо цивилизациско богатство и за македонскиот народ, стои во честитката на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски по повод 24-ти мај, Денот на сесловснските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.

Тој додава дека нивната работа, мисија и придонес се светска придобивка којашто треба да обединува и облагородува.

„Затоа што и нивната мисија имала обединувачка улога.

Почитувањето на делото на Свети Кирил и Методи е обединувачки фактор на сите словенски и други народи. Како нивни должници и како должници на нивните следбеници, оваа генерација македонски политичари го почитува и се поклонува на нивното дело. Работиме на заштита, унапредување и збогатување на македонскиот јазик како темел на македонскиот идентитет, на нашата посебност. Нека ни е честит Денот на Светите Кирил и Методиј!“, се вели во честитката на Николовски.

Слични содржини