Нина Бадриќ за Божиќ: Жолт фустан, златни украси, празнична атмосфера…

од Radmila Tasevska
341 прегледи

Пејачката Нина Бадриќ реши на социјалните мрежи да сподели видео кое е создадено во нејзиниот дом додека таа го завршуваше украсувањето на елката непосредно пред големиот католички празник Божиќ.

Таа носеше мал жолт фустан со долги ракави, отпуштени од раменици, кој ја истакна нејзината фигура и правеше да изгледа чудесно.

Пејачката во раце ги држи украсите кои ги закачила на елката, а во еден момент морала да се качи на скала, што им се допадна на машкиот дел од публиката.

Убавата Нина беше одлично расположена, а изгледа дека навистина уживала во работата за уредување на својот дом за празниците.

Би се рекло дека Нина ужива во секој момент што го поминува во својот дом и дека многу и се допаѓа духот на празниците. Многу нејзини следбеници забележаа дека таа никогаш не изгледала подобро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Слични содржини