Пејачката Бритни Спирс прво ќе треба да ја чека официјалната одлука на судијата што го води нејзиниот случај, па дури потоа да планира венчавка со нејзиното момче Сем Ашагари.
Имено, парот се свршил во септември, а како што се наведува, пејачката и нејзиното момче веќе подготвиле брачен договор, но се паднало во вода – уште еднаш поради нејзиниот татко Џејми, пренесе „TMZ“.
Имено, додека на суд конечно не се реши прашањето за „старателството“, поради што, како што пишуваше, таа имала големи маки, парот нема да може да купи куќа, да се венча, ниту да има деца.
Најпрво се утврдува дали и треба уште „контрола“ или не. Дури потоа ќе се склучи предбрачен договор.
За потсетување, Џејми Спирс беше суспендиран од позицијата стрател на крајот на септември, а се уште не се знае дали некој друг ќе го заземе неговото место или никој нема да ја „игра“ таа улога во животот на поп принцезата.