Ниту Реал ниту ПСЖ: Халанд избра клуб во кој би сакал да ја продолжи кариерата

од Stefanija Kuzmanovska

Одличниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд ја полуде фудбалската јавност. Фудбалерот на Борусија Дортмунд би го посакал секој тим, но тоа не е толку едноставно. Освен што „милионерите“ би барале огромна отштета, и самиот Халанд се прашува за избор на нов клуб.

Според англиските медиуми, Халанд има желба кога е во прашање следниот клуб. Наводно, Норвежанецот нема да оди во Реал Мадрид, Барселона или ПСЖ, туку во Челси, новиот европски шампион. Халанд има желба да се проба во англискиот фудбал, а понудата на „сините“ од Лондон пристигна како „порачана“.

Трансферот на Халанд би бил од корист и за тренерот на Челси, Томас Тухел, кој по освојувањето на Лигата на шампионите сака да ја освои титулата во Премиер лигата. Челси е без англиска титула веќе четири години, откако ја освои последната титула во сезоната 2016/17 кога Антонио Конте седна на клупата на тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Англиските медиуми се повикуваат на норвешките кога станува збор за висината на евентуалниот трансфер. Наводно станува збор за бројка од 170 милиони евра. Доколку се случи тоа, Халанд ќе стане третиот најскап фудбалер на сите времиња, веднаш зад Нејмар од ПСЖ (220) и Мбапе (180).

Слични содржини