Низ овие пет фази поминуваат сите парови

424 прегледи

Иако секоја врска се иазликува и не постојат две исти, некои работи сепак на сите им се заеднички.

Имено, секој сериозен пар чија врска трае повеќе од неколку месеци, во текот на својата врска поминуваат низ овие пет фави, а истите се повторуваат од врска во врска.

Репрезентативно однесување

На самиот почеток на врската и двајцата се однесуваат поприлично поразлично откако кога ќе се опуштени, бидејќи сакаат да остават добар впечаток. Станува збор за максимално преувеличување на добрите навики и намалување на мааните.

Лажно совршенство

Се сеќавате на оној краток период кога мислевте дека сте во врска од бајките и дека вашиот партнер е вистинскиот принц на белиот коњ? Да, за жал, таа фаза не трае долго.

Долина на разочарување

Во оваа фаза почнувате да ги воочувате мааните на партнерот кои најчесто предизвикуваат разочарување. Ова е фазата во која започнуваат љубовните караници и онаа во која врските и прекинуваат.

Прифаќање

Доколку не сте ја прекинале врската во третата фаза, тогаш стигнавте и во четвртата во која сфаќате дека можете да ги прифатите мааните на вашиот партнер и да живеете со нив, сепак никој не е совршен.

Сталоженост и среќа

Петтата фаза е целта на секоја врска. Кога еднашка ќе се скрасите во здрва и избалансирата врска, тогаш настапува вистинската среќа која трае и поради која многу врски често завршуваат со брак.

Слични содржини