
Поминаа повеќе од 450 години од смртта на францускиот астролог и алхемичар Мишел де Нострадам, попознат како Нострадамус. За ова време, човештвото се увери во вистинитоста на неговите многубројни пророштва. Нострадамус успеа да ја предвиди Големата француска револуција, доаѓањето на Адолф Хитлер на власт, проследенo со Втората светска војна, терористичките напади од 11 септември 2001 година во САД, катастрофалниот земјотрес во Јапонија кој се случи во 2011 година, како и многу други значајни за историјата инциденти. Неверојатно е како обичен човек може да ги види и да ги предвиди настаните што се случија стотици години по неговата смрт. Се чини дека иднината е во наши раце, а не судбината.

За оваа година, Нострадамус има бројни љубопитни предвидувања. Тој е убеден дека 2018 година нема да донесе речиси ништо добро за човештвото. Оваа година, ако може да му се верува на Французинот, ќе започне Третата светска војна.

Нострадамус е убеден дека масовното крвопролевање ќе започне од Франција и ќе ја покрие цела Европа. И ќе заврши по 27 години кога сите водечки земји ќе бидат исцрпени.

Покрај војната, во 2018 година човештвото ќе биде погодено од многу природни катаклизми. Според неговите предвидувања, оваа година вулканот Везув многу силно ќе еруптира, слично како во 79 година, кога целиот град Помпеја беше уништен и закопан под тони вулканска пепел.

Како целина, научниците од целиот свет предупредуваат на подемот на вулканска активност. И западниот дел од Северна Америка ќе биде погоден од многу страшни земјотреси. Тоа е како целата природа да се кренала на бунт против човештвото.

Нострадамус не пропушта да проговори и за глобалното затоплување, истакнувајќи дека проблемот ќе предизвика многу шумски пожари.

Како позитивна прогноза, треба да се забележи зголемување на животниот век на човекот и тоа до 200 години. Така луѓето ќе почнат да живеат многу повеќе, но само по напредокот на медицината. Освен тоа, човекот ќе научи да разговара со животните.

