Нов напад на Исламската држава, на местото на експлозијата пронајдени клинци (ВИДЕО)

од Milan1

Едно лице загина, а три се повредени во бомбашки напад во во саботата вечерта во бар на периферијата на главниот град на Уганда, Кампала, а одговорноста за нападот ја презеде Исламсаката држава.

Во нападот загина 20-годишна келнерка, а три лица се повредени, од кои две се во критична состојба, соопшти полицијата.

Напаѓачите се маскирале како гости, нарачале храна и пијалоци, а потоа под масата поставиле експлозивна направа во пластична кеса, која експлодирала неколку моменти откако си заминале, изјави портпаролот на полицијата Фред Енанг.

Инспекторите пронашле клинци и метални предмети на местото на експлозијата, што сугерира дека е предизвикана од импровизирана експлозивна направа, додаде Енанга.

Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, наведувајќи во изјавата во неделата на Телеграм дека нејзини членови активирале експлозивна направа во бар во кој се собираат „членови и шпиони на владата на крстоносците во Уганда“.

Претседателот на Уганда, Ловери Мусевени на Твитер објави дека станува збор за терористички чин, ветувајќи дека ќе ги фати сторителите.

Бомбата била поставена една недела откако британската влада ги предупреди британските граѓани дека „терористите најверојатно ќе се обидат да извршат напади“ во Уганда, советувајќи ги да бидат внимателни на јавни места, вклучително и ресторани и барови, јавува Би-Би-Си.

Слични содржини